Aslı Aral
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ЛОНДОН (АА) – Англискиот пратеник Едвард Гарниер за својот извештај против Турција земал 115.994 фунти од ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Англискиот весник „Тајмс“ објави дека пратеникот на владејачката Конзервативна партија, минатата година, за својот извештај против Турција со наслов „Владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Турција“ земал 115.994 фунти од ФЕТО.
Во веста на истанбулскиот новинар за весникот „Тајмс“, Хана Лусинда, со наслов „Приврзаниците на пучот во Турција му платиле на пратеникот“, стои дека извештајот бил напишан по барање од новинарите и од Друштвото на писатели, чиј лидер е Фетулах Ѓулен.
Гарниер, истовремено бил и адвокат. Неговиот извештај што беше објавен минатата година во септември се однесуваше на отпорот на турската Влада против институциите поврзани со ФЕТО.
Беше утврдено дека извештајот бил испратен и до поранешниот премиер на Англија, Дејвид Камерон, и до министерот за надворешни работи Филип Хамонд.
Гарниер, пак, тврдеше дека не е симпатизер на ФЕТО и дека извештајот го напишал набљудувајќи ги доказите на независните англиски правници/адвокати.
Во веста се потсетува на тоа дека, годинава, Едвард Гарниер присуствувал на еден состанок што се одржал во англискиот Парламент во врска со договорот меѓу Турција и ЕУ за мигрантите, па на состанокот разговарал во врска со „прекршувањето на турската Влада на правото и на човековите права“, како и дека повикал да се испита поддршката на Англија за членството на Турција во ЕУ“.
На состанокот беше обрнато внимание на следниве зборови на Гарниер: „Дури и да ни е потребна Турција како членка на НАТО во борбата против проблемите со имиграцијата, сè додека трае прекршувањето, не треба да се отворат нови поглавја за преговори“.
Весникот „Тајмс“ пренесе дека освен Гарниер, и членот на Домот на лордовите Хери Волф имал придонес за извештајот, но не било утврдено дали и тој бил платен за тоа.