Fatih Hafız Mehmet
23 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека биле преземени сите неопходни мерки за одржување на безбедноста за време на утрешните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на изборниот митинг во истанбулското подрачје Есенјурт, Ердоган изјави: „Ги презедовме сите безбедносни мерки.“
Ердоган го критикуваше претседателскиот кандидат на Републиканската народна партија (ЏХП), Мухарем Инџе, за изјавите дека ќе спие пред Врховниот изборен совет.
„Господине Мухарем, живееме во правна држава“, рече тој.
Ердоган додаде и дека Турција повеќе не прифаќа диктат од надворешната политика, туку дека е активна „и на маса и на терен“.