Gökhan Ergöçün,Tuba Şahin
16 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе биде најголемиот производител на комерцијални електрични возила благодарение на новата инвестиција на голема автомобилска компанија во Турција, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Капацитетот на Турција за производство на батерии ќе се прошири за 130.000 единици со новата инвестиција на „Форд Отосан“, заеднички потфат на турскиот Коч Холдинг и Форд“, нагласи Ердоган на настан во главниот град Анкара.
Автомобилската фирма „Форд Отосан“ со седиште во Турција ќе ја отвори својата фабрика за батерии за електрични возила во 2022 година во индустриската област Коџаели.
„Владата обезбеди различни стимулации за деловните субјекти да го направи приватниот сектор мотор за развој на земјата“, рече Ердоган.
Тој истакна дека останувајќи на врвот како водечки сектор во извозот на Турција, извозот на автомобилската индустрија во 2020 година надминал 25 милијарди долари во периодот на пандемијата.
„Турција минатата година извезе над 900.000 возила во 180 земји на пет континенти“, рече Ердоган и додаде: „Овој моментум што го постигнавме во 2020 година ни овозможи да направиме енергичен почеток на 2021 година.“