Handan Kazancı,Havva Kara Aydın
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја повтори поддршката на својата земја на Владата на Либија во нејзината борба против водачот на илегалните вооружени сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Потомците на либискиот антиколонијалистики херој Омар Муктар ги поразија на портите на Триполи „легионерите“ пратени од целиот свет во обид да ја окупираат земјата“, изјави Ердоган.
„Ние ќе ги поддржиме нашите либиски браќа, а не пучистите и не империјалистите“, нагласи Ердоган мислејќи на Хафтар и неговите поддржувачи и додаде:
„И понатаму ќе ги фрустрираме и внатрешните и надворешни ентузијасти на пучот и љубители на терористичките организации“.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.