Ekip
01 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – Заврши гласањето за фотографии на годината на АА.
Во гласањето за избор на „Фотографија на годината“ на АА во кој беа селектирани 49 фотографии од Турција и од различните региони во светот, во категориите „Вести", „Живот" и „Спорт", учествуваа 223.000 љубители на фотографијата.
Во гласањето реализирано во текот на декември, во категоријата „Вести“ победи фотографијата „Првиот ифтар на војниците“ на авторот Озкан Билгин. Во категоријата „Живот“ победник е фотографијата „Дедото Али и неговото маче“, дело на Илхами Четин, додека во категоријата „Спорт“ најмногу гласови освои фотографијата „Карате султани“ на Бурак Акбулут.
На фотографијата насловена како „Првиот ифтар на војниците“ се гледа првиот ифтар на турските војници кои ја бранат татковината на планината Балкаја во близина на границата со Ирак, недалеку од градот Хакари, во областа Шемдинли.
Фотографијата „Дедото Али и неговото маче“ ни ги доловува солзите на 83-годишниот Али Меше, во местото Мудурну, во областа Болу. Тој го гушка своето маче, кое е спасено од страна на пожарникарите, во пожарот кој избувнал во неговата куќа додека се обидувал да го потпали шпоретот со бензин.
Фотографијата насловена како „Карате султани“ е фотографија изработена на 24. Светско првенство во карате, одржано во Мадрид, Шпанија. Се работи за фотографија на која се прикажани турските репрезентативки Рабиа Кусмуш и Дилара Етемур, во борбата за бронзениот медал против руските претставнички, во категоријата „Екипни кати“.