Ekipa
01 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Голем број жители на Истанбул и странски туристи 2019 година ја дочекаа на плоштадот Таксим и на познатата улица Истиклал, јавува Anadolu Agency (AA).
Присутните заедно ги одбројуваа последните секунди од 2018 година и со голема радост и возбуда влегоа во Новата година.
Потоа следеше прекрасен огномет кои беше фотографиран од присутните.
Дочек на 2019 година, како и во другите градови, беше организиран во голем број хотели и ресторани низ Истанбул, но сепак, голем број граѓани одлучија во Новата година да влезат од топлината на својот дом, во кругот на семејството и пријателите.
Во 2019 година претходно влегоа Нов Зеланд, Австралија, Индонезија, Малезија и други земји, кои за дочекот на Новата година подготвија спектакуларен огномет.