Özcan Yıldırım
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди северозападот на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби на Турција (АФАД).
АФАД објави дека земјотресот е регистриран во 15:40 часот по локално време.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5 степени бил во градот Дузџе.
Од АФАД, исто така наведуваат дека земјотресот е регистриран на длабочина од 18,02 километри.