Orhan Onur Gemici
17 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушна операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК во регионите Метина и Хакурк во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека борбата против тероризмот продолжува со решителност.
Се наведува дека во воздушната операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК откриени во регионите Метина и Хакурк во северен Ирак, и се нагласува дека операциите ќе продолжат до неутрализирање на последниот терорист.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.