Hasan Esen
07 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
ЛОНДОН
Пека Хависто, министерот на надворешни работи на Финска, претседавач со Европската Унија (ЕУ), истакна дека состојбата во Џаму и Кашмир е неодржлива и побара меѓународните набљудувачи да го посетат регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хависто ја посети Индија и се состана со својот колега Субрахманјам Јаишанкар.
„Од дипломатската заедница која се наоѓа тука или од меѓународните набљудувачи на ОН побаравме да го посетат регионот [Џаму и Кашмир] и да се информираат од прва рака“, рече Хависто, во изјавата за „Тајмс оф Индија“ (Times of India).
Хависто, истакнувајќи дека ситуацијата не е одржлива, рече: „Можам да забележам дека и многу други меѓународни играчи ја истакнуваат својата загриженост. Загрижени сме за информациите дека некои од политичарите сѐ уште се држат во притвор, или во домашен затвор. Ограничени се основните слободи и слободата за изразување.“
Министерот Хависто исто така наведе дека треба да се започнат преговори за решавање на граничните проблеми меѓу Пакистан и Индија.
- Индија го укина посебниот статус на Џаму и Кашмир
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област. Според „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), стотици луѓе, претежно политички лидери, се приведени или уапсени од властите откако индискиот Парламент го направи овој потег.
Лидерите и жителите на Кашмир стравуваат дека овој потег е обид на Индија да ја смени демографијата на државата, во која некои групи се борат против индиското право за независност или обединување со соседен Пакистан.
Индија и Пакистан контролираат делови од Кашмир и бараат контрола во целост. Кина, исто така, контролира дел од спорниот регион, но токму Индија и Пакистан војуваа двапати за Кашмир.
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август навака се соочува со притисоци, откако индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област.