Kenan Irtak
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во ISTANBUL (AA) – Во истнабулската населба Султангази свечено е отворено големото јавно лизгалиште за сите љубители на лизгање на лед, влезот и користењето на лизгалиштето нема да се плаќа со пари, туку со десет пластични капаци за боци или пет стари батерии, јавува Anadolu Agency (AA).
Во големиот шатор кој во наредните три месеци ќе биде отворен за секојдневно, сместена е ледена плоча од 650 метри квадратни и други содржини, како што е платформата за екстремни видови лизгање на лед.
Истанбулската општина Султангази е финансиер на овој проект, а целта е промоција на спортот и будење на совеста кај луѓето, посебно кај младите за зачувување на околината.
Лизгалиштето и потребната опрема се обезбедени од средствата на општината. За влез во комплексот од посетителите се бара да донесат десет пластични капаци за боци или пет истрошени батерии, а се со цел да се укаже на еколошката и финансиска оправданост на рециклирањето на отпадот.
На лизгалиштето секојдневно ќе работат четири професионални инструктори по лизгање.
Градоначалникор на општината Суглтангази Џахит Алтунај за АА изјави дека јавното лизгалиште стата традиција во тој дел на Истанбул и дека минатата година на истото место повеќе од 10 илјади деца научија да лизгаат и го засакаа тој спорт.
„Задоволни сме поради големиот интерес на луѓето за овој спорт. Целна група ни се децата. Најважната одлика на овој спорт е кај децата да се развие моториката и равнотежата, а желба на сите нас е децата да ни бидат здрави и да не го проведуваат времено исклучиво со виртуелните игри" , рече Алтунај .