Hikmet Faruk Başer
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Во рамките на безбедносните мерки за новогодишните празници во Истанбул ќе бидат ангажирани 39.000 полицајци и припадници на обезбедувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
Само на истанбулскиот „Таксим“ ќе бидат распоредени 17.000 полицајци.
Шефот на безбедносните тимови, Зафер Бајбаба, денес изјави дека безбедносните мерки за граѓаните Новата година да ја одбележат безбедно и во мир, ќе бидат преземени во три фази.
Првата фаза мерки започна на 21 декември, а според неговите зборови, испрашани се повеќе од 1,5 милион луѓе. Бајбаба рече и дека е воочено дека се испрашани 4.127 лица и дека поради различни кривични дела се предадени на соодветните органи.
Втората фаза подразбира надгледување на градот на Босфорот од страна на десетици илјадници припадници на специјалните единици, кои сѐ уште се на должност.
Бајбаба појасни и дека се вршат контроли на возилата и возачите и дека се приведени 57 лица. Исто така, метро-станиците, околината и патиштата кои водат кон нив се следат со 6.000 надзорни камери. Екипите на терен ги прегледуваат сомнителните чанти, куфери...
Шефот на безбедносните тимови во Истанбул изјави и дека безбедносните сили на 27 декември во исто време извеле акции на 2.617 адреси и дека поради различни кривични дела привеле 903 лица.
Последната фаза на мерките ќе биде применета на 31 декември и на 1 јануари.
Бајбаба нагласи дека во новогодишната ноќ ќе бидат ангажирани околу 39.000 полицајци и припадници на обезбедување. Истакна и дека сите патишта кои водат кон познатата улица „Истиклал“ ќе бидат затворени за сообраќај.