Izzet Taskiran
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот на иранската авиокомпанија "Mahan Air" на летот од Техеран за време на паркирање на аеродромот Ататурк во Истанбул не можеше да застане и удри во бетонските бариери јавува Anadolu Agency (AA).
На предниот дел на патничкиот авион од типот A310-300 за време на ударот настана материјална штета.
Покрај бариерите остана заглавен и автобусот кој ги превезува патниците од терминалот до авионот.
Патниците на авионот и персоналот се евакуирани.