Emre Doğan
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Вкупно 2.400 пливачи од 59 земји учествуваа денес на 31. Самсунг интерконтинентално натпреварување преку Босфорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на натпреварувањето запливаа од местото Канлиџа на азискиот брег на Босфорот, а трката е завршена на европскиот брег кај паркот „Куручешме Џемил Топузлу“.
Натпреварувачите пливаа во групи, а стартот на трката го означи турскиот министер за спорт и млади, Мехмет Мухарем Касапоглу.
Пливачите носеа чипови на нозете кои го мереа нивното време и го одредија конечниот распоред.
Најдобро организираната трка од тој вид на светот во машка конкуренција ја освои Меликсах Дуген, кој каналот долг 6,5 километри го преплива за 48 минути и 28 секунди.
Второ место освои домашниот Ефе Ердум, додека Украинецот Артур Артманов беше третопласиран.
Во женска конкуренција победа постигна Илгин Селик. Второто место ѝ припадна на домашната натпреварувачка Хилал Зејнеп Сарач, додека третото место ѝ припадна на Сири Нур Ероглу.
