Ekipa
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул започна акција за приведување на припадникот на терористичката организација ПКК, Јунус Санамали, со кодно име Бавер кој е осомничен дека во градот дошол да изврши напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата и разузнавачките служби рекоа дека Санамали неодамна дошол во Истанбул за да изврши напад.
Сликите од терористот, кој постојано го менува престојувалиштето и користи фалсификувани лични документи, беа поделени во јавноста, со цел Санамали да биде фатен што побрзо.
Турските власти ги повикаа граѓаните да пријават во полиција ако го забележат.
Во акциите на тимовите на Одделот за борба против тероризмот уапсени се шестмина од 14 лица приведени за пружање поддршка на Санамали.
Се трага по уште три лица за кои постои сомневање дека му пружиле помош.