Barış Gündoğan
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на Претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, порача дека целиот свет треба едноставно да каже „Стоп за масакрите во Источна Гута", јавува Anadolu Agency (AA).
Калин се огласи преку Твитер, во врска со нападите врз цивилите во Источна Гута.
Потсетувајќи дека режимот на Асад врши масакр над народот на Источна Гута, Калин порача:
„Нашиот претседател и бројните турски институции вложуваат големи напори. Денес, Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе гласа за запирање на нападот и испораката на помошта. Целиот свет треба единствено да ја испрати пораката „Стоп за масакрот".