Yasemin Kalyoncuoğlu
25 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега неутрализирани се 2.018 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската Армија се наведува дека продолжуваат копнените и воздушните операции во северозападниот дел на Сирија, во подрачјето на Африн, започнати на 20 јануари, со цел неутрализирање на терористите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Од почетокот на операцијата досега, бројот на неутрализирани терористи изнесува 2.018.
Турските сили и Слободната сириска војска ги ослободија од терористите селата Умранли, Мејдан Екбез и Бендирек во подрачјето на Африн, додека во рамките на операцијата рано утринава ослободија уште пет села.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ од терористите ослободени се најмалку 109 стратешки точки, вклучувајќи еден град, 86 села, 20 стратешки важни ридови и планини и една база на терористичката организација ЈПГ/ПКК.