İlkay Güder
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција Ибрахим Калин изјави: „Кудс е нашиот прв правец при нашите молитви, оние кои мислат дека така набрзина ќе го прогласат за главен град на окупаторската држава. Наместо израелските официјали лица да ги напаѓаат нашата земја и нашите лидери земја. Потребно е да се стави крај на окупацијата на палестинската држава”, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Калин даде писмено соопштение во кое најостро ја осудува изјавата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху насочена кон претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
„Не земајќи го во предвид меѓународното право, Израел кој систематски ги прекршува одлуките на Обединетите нации, и со векови ја окупира татковината на Палестинците, првенствено треба самиот да даде отчет за она што го прави”, истакна Калин и продолжи со зборовите:
„Не е можно за сериозно да се сфатат сите тврдења и обвинувања онака фрлени на среде на оние кои масакрираа илјадници Палестинци, палестинската земја ја претворија во затвори под отворено небо, со цел да го потиснат сопственото чувства на вина. Кудс е нашиот прв правец при нашите молитви, оние кои мислат дека така набрзина ќе го прогласат за главен град на окупаторската држава. Наместо израелските официјали лица да ги напаѓаат нашата земја и нашите лидери земја. Потребно е да се стави крај на окупацијата на палестинската држава. Република Турција, како и на сите други места во светот, ќе продолжи да биде покрај правото, законот и угнетените во Палестина.”