Leyla Ataman Koyuncuoğlu
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
АНТАЛИЈА (АА) - По успешната модна ревија во Турција, познатите манекенки Адријана Лима, Изабел Гулар и Ана Беатриз Барос уживаа во убавините на Истанбул и се фотографираа со фановите, поради што задоцнија на летот со кој требаше да заминат од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Лима, Гулар и Барос во петокот вечерта учествуваа во ревијата на „Dosso Dossi Fashion Show“ во Анталија, а вчера со авион од Анталија пристигнаа во Истанбул. Од таму, тие требаше да отпатуваат од Турција.
Меѓутоа, се чини дека премногу уживале во фотографирањето низ Истанбул, доцнејќи на планираниот лет, поради што останаа во градот на Босфорот уште еден ден.
Не е толку вообичаена појавата професионалци да доцнат на лет поради такви причини, па веста за доцнењето на авионот привлече големо внимание во Турција и пошироко.
Гулар денес би требала да лета за Париз, Лима за Мајами, а Барос ќе остане во Истанбул уште некое време.