Salih Baran
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Веќе 11. дена продолжува чекањето на мигрантите на европската граница, пишува Агенција Анадолија (АА).
Продолжува борбата на мигрантите за преминување во Европа. Тие дојдоа во Едрене од повеќе места на Анадолија, пред сè од Истанбул.
Мигрантите за преминување на границата ги користат копнените премини, како и премините преку река, а претежно ги користат премините на речната гранична линија.
Дел од мигрантите чекаат во тампон-зоната меѓу граничните премини Пазаркуле - Кастаниес со надеж дека Грција ќе ги отвори вратите, како и во местото близу оваа зона.
Над 3.000 мигранти се засолнуваат во шаторите што ги поставиле тука, додека се борат со тешките услови. Ниските температури во ноќните часови ги погодуваат повеќе семејствата со деца.

Градската Дирекција за миграција во Едрене, во координација со Гувернерството на Едрене, три пати дневно обезбедува храна за мигрантите.
Грчките безбедносни сили, кои поставија барикади со бодликави жици пред Граничниот премин „Кастаниес“, често интервенираат врз мигрантите со вода под притисок, солзавец, звучни бомби, и одвреме-навреме со куршуми.
Особено младите мигранти вложуваат интензивен напор за преминување на овие барикади, а врз нив грчката гранична полиција интервенира без милост.
Се случуваат повреди и смртни случаи како резултат на отворениот оган од страна на грчките гранични сили.
Тоа што во гумените куршуми се ставаат жици со цел подобро да се заглават ја покажува безмилосноста на Грција.
Солзавецот користен од страна на Грција против мигрантите најмногу ги погодува децата мигранти.

Голем број мигранти, погодени од грчката интервенција, се насочуваат кон здравствените шатори што се наоѓаат на турската страна, каде што здравствените работници вршат големи жртвувања со цел да им помогнат на мигрантите.
Покрај мигрантите што чекаат на граница, и тие што успеваат да ја преминат границата се соочуваат со лошо однесување од грчките гранични сили.
Мигрантите ранети со оружје откако преминале на грчката страна се принудени да се вратат во Турција.
Дел од ранетите мигранти, што се лекуваат во болниците во Едрене, се наоѓаат во животна опасност.