Orhan Onur Gemici
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Бајрам Башкала, еден од петте терористи кои се неутрализирани од единиците на жандармеријата во селата во Ван, во Турција, на 14 септември, се наоѓа на сивата категорија на барани терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција, единиците на жандармеријата, во операцијата спроведена на 14 септември во селата во Ван неутрализирале 5 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Утврдено е дека еден од тие терористи е Бајрам Башкала со кодно име „Артос“, од сивата категорија на барани терористи. За него беше распишана награда од 300.000 лири (околу 53.000 долари).
Исто така, утврдено е дека терористот меѓу 2015-2018 година со рачно изработени експлозиви извршил голем број терористички акции на патиштата Ван - Чатак, Чатак - Бахчесарај и Чатак - Сиирт.