Sertaç Bulur
26 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денеска започнаа уште една антитерористичка операција на истокот на Туркије, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата наречена „Ерен Аблука есен - зима 25“ (Ван/Чатак – поручник Махмут Топ), започна во источната турска област Ван со 480 припадници на безбедносните сили“, се вели во соопштението на Министерството.
„Операцијата има за цел елиминирање на тероризмот во земјата“, се додава.
Туркије ги започна операциите „Ерен“ во јануари 2021 година, нарекувајќи ги по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.