Yunus Ege
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Меѓу 29-те осомничени најмалку десет лица се задржани во притвор во рамките на истрагата за завера и илегално делување на истрагата за местење на натпревари во Турција, а се работи за лица поврзани со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, или движењето попознато како Хизмет, на чело со Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на обвинителството во Истанбул, уапсените лица се теретат за членство во терористичката организација, кршење на приватноста на комуникацијата, како и формирање и водење на терористичка организација. Единаесет осомничени се пуштени на слобода со мерка на забрана на напуштање на територијата на Турција, додека останатите осум се ослободени без било какви мерки на забрана.
Во одлуката на обвинителството се наведува дека, со цел на делување на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во секое ниво на општеството, се обидоа да го преземат водството над спортскиот клуб кој во општествена и економска смисла има големо влијание на општеството.
Се наведува исто така дека уапсените настојувале да формираат подлога за да претседателите на фудбалскиот клуб Фенербахче и Фудбалската федерација на Турција ги прикажат поврзани со вооружени криминални и терористички организации.
Потседуваме дека во рамките на истрагата спроведена е истовремена акција во преку 28 турски градови.
Со организацијата ФЕТО /ПДЈ во повеќе државни институции беа врзани "паралелните структури" кои со злоупотреба на положбата се обидоа да предизвикаат дестабилизација на државата и да извршат државен удар.