Duygu Yener,İsmail Çimen
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу по повод Денот на националниот суверенитет и детето во палатата Чанкаја во Анкара организираше прием за деца. Давутоглу во просторијата во која се одржуваат седници на Советот на министри поединечно разговараше со секое дете кое претставуваше по еден министер, јавува Anadolu Agency (AA).
На столот на тускиот премиер седна девојчето Рејхан Нур Унлу, ученичка во основно училиште.
Давутоглу разговараше и со девојчето Асја Коџа, која седеше на местото на министерот за образование Наби Авџај.
"Ти си министер кој има највеќе среќа, знаеш ли? Секогаш си со деца. Дали нашите деца се среќни? Утрово ги видов пред Антикабир, изгледаа многу добро" , рече Давутоглу обраќајќи и се на Асја, на што таа одговори дека децата се добро.
"Премиерката" Рејхан одржа говор во кој на децата од целиот свет им го честиташе денов во името на децата од "Советот на министри", им порача на децата од целиот свет да живеат во љубов и братство. А потоа со "министрите" разговараше за состојбата во земјата. Пота децата "министри" и "премиерката", одговараа на прашања на новинарите.
Прием по повод Денот на националниот суверенитет и детето приредија голем број на државни претставници во Турција, меѓу кои и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тој во обраќањето на децата им зборуваше за значењето на овој ден и за тоа како меѓу нив се наоѓаат идните премиери, претседатели, лекари, инжињери, професори и многу други.
Ердоган нагласи дека од нив очекува вниманието да го посветат и на историјата, културата,уметноста и книжевноста.
Во Турција денес се одбележува националниот празик Денот на националниот суверенитет и детето, а воедно и 96 години од основањето на Големото народно собрание на Република Турција.
На денешен ден 1924 година одлучено е денот на основањето на Големото народно собрание да се одбележува како државен празник. Пет години подоцна, 23 април 1929 година тој празник им е подарен на децата. Од 1929 година се одбележува како Ден на националниот суверенитет и вооедно како Ден на детето.