Levent Kişi,Sabri Kesen
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
МУГЛА (АА) – За време на обидот за пуч на ФЕТО, војниците кои имале намера да извршат атентат на претседателот Реџеп Таип Ердоган дошле во хотелот во Мармарис каде што тој престојувал. Беше откриено дека обидот за атентат врз Ердоган бил снимен со камера за снимање акции, што ја имале на шлемовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Се пренесува дека биле анализирани материјалите од камерите на војниците кои биле учесници во обидот за атентат на претседателот Реџеп Таип Ердоган во хотелот во Мармарис.
Според информацијата што ја доби АА, се дознава дека меѓу запленетите материјали била и една камера за снимање акции, земена од војниците што го организираа обидот за атентат во хотелот „Гранд Јазиџи“ во Мармарис, каде што престојувал Ердоган.
Тие потоа пребегале во блиската шума поради тоа што биле разбиени. Камерата што била користена за снимање на испланираниот атентат врз Ердоган, била положена на испитување од страна на полицајци-експерти. Во првите испитувања, во камерата биле најдени снимки од поранешни воени операции.
Снимките во врска со атентатот кај хотелот во Мармарис биле избришани.
За враќањето на снимките работеле полицајците-експерти. Полициската служба во Мармарис, која ги продолжува испитувањата во врска со атентатот, ги зеде снимките од 60 безбедносни камери, кои им припаѓаат на дуќаните што се наоѓаат во околината на хотелот. Испитувањата сѐ уште траат.
Во меѓувреме, дванаесетте пушки и другите воени материјали што биле пронајдени во шумата кај улицата Ичмелер, по испитувањето од страна на обвинител ќе бидат однесени во криминалистичката лабараторија во Анкара.
Без прекин продолжува потрагата по војниците, кои по нападот врз хотелот пребегале во блиската шума.