Zafer Fatih Beyaz,Serdar Açıl
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата на Обвинителството во Анкара поврзана со обидот за државен удар, во Ерзурум, во источниот дел од Турција, приведен е Мухамед Саит Ѓулен, внук на Фетулах Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
И понатаму траат приведувањата во рамките на истрагата на Обвинителството во Анкара отворена по обидот за државен удар.
Обвинителот Јуџел Еркман претходно отвори истрага против Мухамед Саид Ѓулен во врска со протекувањето на прашања од испитот за државни службеници (КПСС) во 2010 година.
Мухамед Ѓулен, кој е приведен во Ерзурум, ќе биде однесен во Анкара.
Тој ќе биде на распит во врска со членството во терористичката организација и за вмешаност во нерегуларности на испитот за државни службеници (КПСС) во 2010 година.