Mustafa Hatipoğlu
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Во првите саати од обидот за воен удар во Турција, во вечерните саати на 15 јули, пучистите зазедоа, а припадниците на истанбулската специјална полиција изведоа успешна акција на ослободување на контролната кула од истанбулскиот аеродром Ататурк непосредно пред слетувањето на приватниот авион со кој од Мармарис во Истанбул стасал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулската полиција објави снимка од текот на акцијата која ја забележаа надзорните камери на аеродромот.
Неименуван полициски извор за АА рече дека шефот на Дирекцијата на безбедносните сили во Истанбул Мустафа Чалишкан, по сознанието дека во Истанбул треба да дојде претседателот на Турција Ердоган, издал наредба на специјалната полиција да ја ослободи контролната кула од истанбулскиот аеродром Ататурк која ја имаа заземено војниците лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, чии лидер е Фетулах Ѓулен.
Чалишкан на специјалците им наредик дека кулата „по секоја цена" мора се ослободи после што припадниците на специјалната единица на полицијата го неутрализирале дејството на пучистите на кулата и овозможиле слетување на приватниот авион со кој претседателот допатувал во Истанбул.
На снимките на надзорните камери се гледаат деталите од акцијата, од упадот на полицијата, до приведување на вооружените пучисти.