Ali Cevahir Aktürk,Mustafa Hatipoğlu
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Anadolu Agency (AA) синоќа на Таксим, во Истанбул ги подели првите бесплатни примероци на книгата „ Обид за пучот на ФЕТО од минута во минута ” во која е дадена хронологија на обидот за државен удар кој го извршија воените лица на терористичката организација ФЕТО чии лидер е Фетулах Ѓулен, како и реакциите по обидот, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните покажаа големо интересирање за книгата во која е дадена хронолија и богат текст од фотографиите .
Директорот за меѓународен маркетинг и продажба на Anadolu Agency (AA), Земчи Зубејр Сомунџу, изјави дека книгата е направена за народот да може секогаш да се сети на денот кога победила демократијата, но и фотографиите со пригоден текст за овој обид да бидат архивирани.
Сомунчу потсети дека народот на повик на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и во име на демократијата излегол на улиците.
„ Оваа книгата ја подготивме за секогаш да се запаметат жртвите, но и како симбол на благодарност на луѓето кои секој ден ги полнат плоштадите, жртвувајќи ги своите животи”, истакна Сомунчу, додавајќи дека во Истанбул два дена се делат бесплатни примероци на книгата.