Alp Özden,Ali Kemal Akan
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот парламент вечерва одобри продолжување на мандатот на турските воени мисиии во Ирак и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот ја прифти уредбата со која овластувањата кои ги има претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со прекуграничните операции во Ирак и Сирија се продолжува на уште една година.
Во уредбата се потсетува на зголемениот ризик и закани во поглед на националната безбедност, поради судирите и тензиите долж јужната граница на Турција.
Исто така, нагласено е дека Турција придава големо значење на заштитата на територијалниот интегритет, национално единство и стабилноста на соседен Ирак.
„Од друга страна, постоење на елементи на ПКК и ДЕАШ во Ирак и случувањата кои го поттикнуват етничкиот сепаратизам, претставуваат директна закана за регионалниот мир, стабилноста и безбеноста на нашата земја. Терористичките организации, првенствено ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, и понатаму се присутни во Сирија и ги продолжуваат своите активности насочени против Турција", се додава во уредбата.
На крајот се нагласува дека Турција континуирано презема огромни напори со цел запирање на сите терористички активности во сирискиот регион Идлиб како и намалување на тензиите и воспоставување на мирот и безбедноста на тоа подрачје.