Admir Fazlagic
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Уредникот на странски јазици на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) во телефонски разговор за вестите на македонскиот информативен тв канал „24 ВЕСТИ" изјави дека синоќешното убиство на рускиот амбасадор Андреј Карлов нема да има последици врз односите помеѓу Русија и Турција.
„За среќа сите страни знаат која е целта на овој напад. Затоа овој настан нема да има сериозни последици. Друга добра работа е што имаше трилатерална средба меѓу Русија, Турција и Иран", изјави уредникот Озтурк.
Во врска со медумските натписи дека постои поврзаност помеѓу убиецот и терористичката организација ФЕТО, Озттурк изјави дека за тоа постојат индикации.
„Постојат индикации дека тие можеби стојат зад овој напад. Во тој случај тоа би било најлошо за нив затоа што Русите ќе ги гонат како што ги гони и Турција", изјави уредникот Озтурк.
Потсетуваме, оружен напаѓач вчера во Анкара го изведе нападот врз амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов, после што беше неутрализиран во полициска операција која следуваше по оружениот напад. Карлов беше нападнат на изложбата на фотографии која ја отвори во Центарот на современа уметност во Анкара.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, вчера изјави дека напаѓачот кој го уби амбасадорот на Руската Федерација во Турција е идентификуван како Мевлут Мерт Алтинтас, роден на 24 јуни 1994 година.