Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
АНКАРА (AA) – Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танжу Биглич изјави дека формирањето на коалицијата на исламските земји која ја спроведува Саудиска Арабија ќе има значење од аспект на воените, разузнавачките и идеолошките димензии, но и дека не станува збор за формирање на воени сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Билгич на редовната конференција за новинарите во седиштето на Министерството за надворешни работи во Анкара ги коментираше актуелните случувања во регионот. Најави дека шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу утре во Мароко ќе присуствува на потпишување на мировниот договор помеѓу спротиставените страни во решавањето на кризата во Либија.
Осврнувајќи се на прашањето за најавеното формирање на коалицијата на исламските земји за борбата против тероризмот, Биглич рече дека Турција веќе води опсежна борба против терористичките групи ДАЕШ И ПКК, а дека секогаш е спремна да даде придонес на секоја иницијатива која е во тој конктест.
Истакнувајќи дека борбата против тероризмот, покрај воената и разузнавачката димензија, има и идеолошка димензија која се однесува на борбата против обидот тероризмот да му се припишува на исламот, Билгич кажа дека иницијативата за формирање на коалицијата на исламските земји е позитивен потег за координација за сите три спомнати димензии на борбата.
„Функционерите на Саудиска Арабија допрва треба да ги објават сите детали за карактерот на коалицијата на исламските земји, но морам да кажам дека тука не се работи за воена сила. На дневен ред не е формирање на воена сила" , појасни Билгич.
На прашањето на новинарите да ги коментира изјавите на руските функционери за извинување, казнувањето на одговорните и плаќањето на оштета поради соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор, Билгич рече дека Турција ги смета како неприфатливи барањата од руската страна.
Тој потсети дека рускиот воен авион е соборен затоа што го нарушил турскиот воздушен простор, и покрај фактот што руските институции беа предупредени на правилата за анганжманот на турските сили во таквите случаеви.
„Доколку Руската Федерација гарантира дека повеќе нема да го нарушува турскиот воздушен простор, не веќе нема да се соочуваме со вакви случаеви. Турција не сака ескалација на односите со Русија, ниту има било какви непријателски аспирации кон руските воени цели" , порача Билгич.