Sena Güler
05 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека генералниот директор и персоналот на Anadolu Agency (АА) се уште повеќе посветени по израелските напади врз зградата во Газа каде што се наоѓаше канцеларијата на агенцијата.
„Видов дека генералниот директор на Anadolu Agency, Шенол Казанџи, и персоналот се уште повеќе посветени по нападот. Им честитам на нивната посветеност“, изјави Фуат Октај за турскиот „Канал 7“ (Kanal 7).
Октај ги даде овие изјави ден откако израелските воени авиони ја погодија зградата со најмалку пет ракети по предупредувачките истрели. Не се пријавени повреди или смрт, но зградата беше целосно урната.
Тој, исто така изјави дека нападите нема да ја променат посветеноста на персоналот на агенцијата и на Турција.
Anadolu Agency остро го осуди нападот и ги повика националните и меѓународните новински организации да реагираат и да преземат акција во врска со кршењето на слободата на печатот.