Burak Bir
07 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на турските воени авиони неутрализирани се двајца терористи на ПКК во северен Ирак, објави денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството на социјалната мрежа Твитер објави дека терористите биле неутрализирани во регионите на Зап и Метина.
Во воздушните напади уништени се вооружени позиции, засолништата и складиштата за оружје на терористите на ПКК.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката операција ПКК во подрачјето на Хакурк во северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои голем број жени и деца.