Sebahatdin Zeyrek
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
ДЕНИЗЛИ (АА) - Претседателот на Здружението на туристички хотелиери и оператори на Денизли (DENTUROD), Гази Мурат Шен, информираше дека туристичката дестинација Памуккале, која се наоѓа на листата на културно наследство на УНЕСКО, оваа година за 7 месеци ја посетиле 1 милион 97 илјади и 476 домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на DENTUROD, Шен, соопшти дека Памуккале благодарение на неговата уникатна убавина, лековитата термална вода и историските антички места, секој ден во годината е посетен од туристи.
„Во првите 7 месеци од годината античките делови на Памуккале ги посетија 1 милион и 97 илјади постители“, рече Шен. „Според бројот на туристи што го посетија Памуккале во првите 7 месеци од оваа година забележан е раст од 42,5 отсто, што е многу повеќе од 24,9 отсто, колку што изнесува просекот на зголемениот раст на посетители на ниво на цела Турција“, истакна Шен.
Шен информираше дека е забележан пораст од 11,74 отсто во бројот на странски туристи во јули, додавајќи дека бројот на туристите што ги посетиле античките предели на Памуккале е зголемен за 35,4 отсто. „Во јули античките делови на Памуккале ги посетија 318.000 лица. Тоа е месечен рекорд на сите години наназад. Оваа година планиравме да пречекаме повеќе од 2.200.000 домашни и странски гости. Близу сме до можноста во август да ја достигнеме бројката од 400.000 посетители“, рече Гази Мурат Шен, претседател на DENTUROD.