Турција

Патот Ефес - Мимас: патување во 8 милениумска историја

Маршутата на културата „Ефес - Мимас“, која ги обединува тематските патишта и е пренесена од старата јонска цивилизација во османлискиот период, а од османлискиот период во денешново време, нуди единствени и неповторливи глетки

Ahmet Bayram  | 25.04.2018 - Обновена : 26.04.2018
Патот Ефес - Мимас: патување во 8 милениумска историја

Izmir

ИЗМИР (АА) - АХМЕТ БАЈРАМ -

Маршрутата на културата „Ефес - Мимас“, која ги обединува тематските патишта и е пренесена од старата јонска цивилизација во османлискиот период, а од османлискиот период во денешново време, нуди единствени и неповторливи глетки за нејзините учесници, пишува Anadolu Agency (AA).

Маршрутата „Ефес - Мимас“, долга 709 километри, која се протега од античката ера кон денешново време, ги обединува нејзините учесници со историјата во Измир, чие минато датира од пред осум илјади години. Главниот столб на оваа маршрута се состои од шест патеки меѓу античките градови Ефес, Колофон, Лебедос, Теос, Клазомена и Еритра. 

Патот Ефес - Мимас започнува од пред храмот на Артемида во областа Селчук, поминува од подрачјата Мендерес, Сеферихисар, Гузелбахче, Урла, Чешме, и завршува во Карабурун, чие митолошко име е „Мимас“. 

Овој пат на посетителите им го нуди сето природно, историско и културно богатство, поминувајќи низ градовите формирани од жителите на јонската цивилизација во Западна Анадолија, која е една од најславните цивилизации во историјата. 

Љубителите на природата, кои одвреме-навреме патуваат преку асфалт, земјен пат, патека, песочен пат или историски остатоци, особено во пролет, имаат можност да одат покрај шарените диви цвеќиња и расцутените дрвја. Во селата на овој полуостров, посетителите можат да забележат и трговци кои на мали тезги ги продаваат производите кои самите ги култивирале. 

Туристите кои во античките градови Ичмелер и Клазомена пешачат низ шумска зона, често прават пауза во селото Озбек Мидани, кое е едно мало рибарско село. По оваа фаза од патувањето, тие поминуваат низ населбите Искеле и Чешмеалти во подрачјето на градот Урла, како и на островот Карантина. 

Маршрутата завршува во античкиот град Клазомена, по едно слегување од 700 метри. Туристите имаат можност да го посетат овој антички град, каде што можат да го видат и првото место во светот за производство на масло за јадење во големи размери, кое датира од 6 век пр. н.е. 

- Неповторлива глетка во водите на Ефес 

Следната фаза на ова патување, античките градови Ефес и Памучак, започнува од пред остатоците на храмот на Артемида, кој се смета за едно од седумте чуда на светот. 

Почнувајќи од пред пештерата „Седумте спијачи“, туристите пристигнуваат во јужниот дел на античкиот град Ефес, каде што можат да уживаат во погледот кон овој антички град. Во влезот на патот, каде што се наоѓа куќата на мајка Марија, нив ги очекува една мистична атмосфера. По Ефес, тие имаат можност да одат покрај брегот во Памучак, кој е долг пет километри. 

- Шест јонски градови 

Копретседателот на Планинарската федерација на Турција, Ертугрул Тугај, во изјава за Anadolu Agency (AA), истакна дека патот Ефес - Мимас имал значајна улога во културната размена и во трговијата на Јонците, кои во текот на историјата во Измир и околината основале независни град-држави. Тугај рече дека го реализираат проектот Маршрута на културата „Ефес - Мимас“, со цел развиток на локалниот народ во ова подрачје, како и за тоа, оваа античка маршрута да се збогати со туризам. 

„За време на подготовката на проектот, нашата цел беше откривање на тие патишта кои ги поврзувале шесте јонски градови, кои се наоѓаат на полуостровот Измир, и тоа да им се нуди на туристите“, рече тој.

- Богато културно наследство 

Јасемин Дагачар, која се придружи на оваа маршрута, рече дека веќе 20 години ги посетува овие места, и додаде дека ваквите активности придонесуваат за развитокот на локалното население. 

Од друга страна, Халил Демир нагласи дека патот Ефес - Мимас е еден од ретките патишта, на кој воедно се наоѓаат и природни и културни убавини, и рече дека веќе 10 години учествува во ова патување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.