Davut Genç
11 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
САКАРИЈА (АА) - Подрачјето лоцирано помеѓу регионите Коџаали и Карасу во турската област Сакарија, во кое во последните денови од отоманскиот период се ваделе олово, боракс, цинк и злато, откако престанало да се користи, со текот на времето станало шеталиште и денес на љубителите на природата им ги нуди уникатните убавини на есента, известува Агенција Анадолија (АА).
Околината на потокот Маден, кој тече меѓу дрвја како што се платан (чинар), топола, врба и ела, опкружена е со боите на есента.

Ахмет Аџар, градоначалникот на Коџаали, рече дека подрачјето, кое како заштитена зона е ставено под заштита, било сведок на последниот период на Отоманската Империја.
Информирајќи дека во подрачјето, кое добива посебна убавина обоено во есенските бои, нуди можност за организирање голем број активности, градоначалникот Аџар рече: „Подрачјето околу потокот Маден е еден од регионите во кој љубителите на природата, љубителите на фотографијата, сите оние кои сакаат прошетки во природа, можат да дојдат и во потполност да се забавуваат.“
Регионот во кој доминираат тоновите на есента снимени се со дрон.