Ergün Haktanıyan
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
КАЈСЕРИ (АА) - ЕРЃУН ХАКТАНИЈАН -
Турската област Кајсери е место на пространи полиња со тикви, чија продажба придонесува за економијата на тој крај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На тоа подрачје со тиква се засадени стотици хектари земјиште, што годишно во просек дава 167 тони семки. Тоа во голема мера придонесува за економијата на тоа подрачје.

Неби Услуоглу вели дека семките од тиква се едно од важните средства за живот во Кајсери.
Тој рече дека садењето тикви започнало во мај, а дека плодовите се собираат во октомври.
Побарувачката за семки од тиква се зголемува секоја година, а како што изјави, се зголемува и приносот благодарение на погодното тло околу планината Ерџијес.
Хасан Истанбулу се занимава со земјоделство веќе 20 години. Со години на полињата сади тикви, за кои нагласи дека се органски.
„Не користиме ништо освен ѓубриво. Голем дел од турскиот пазар на семки се снабдува од Кајсери. Оваа година засадив земјиште од 370 хектари“, изјави Истанбулу.