Esma Küçükşahin
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
КАЈСЕРИ ( АА ) – Дирекцијата за образование во турската покраина Кајсери, во рамките на своите проекти им овозможи на дечињата бегалци од Сирија за прв пат во животот да го доживеат искуството за посета кино и да гледаат филм во 3D проекција, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата веќе две години го води проектот „Прв пат во кино”, а оваа недела во него се вклучени и децата бегалци од Сирија кои веќе од неодамна се вклучени и во образовниот систем на таа турската покраина.

„Чувството да ја гледате радоста во очите на тие деца додека гледаат филм е единствено. Во Кајсери се згрижени околу 7. 200 деца од Сирија и Ирак. Учениците од Сирија се восхитени од нивното прво искуство на гледање филм во кино сала”, рече лидерот на Дирекцијата, Билал Чандироглу.
Ученикот во шесто одделение од основното училиште, кој со своето семејство избегал од Сирија во Кајсери, Мухамед Јунди, во разговорот со новинарот на АА рече дека е многу среќен и возбуден што за прв пат ќе гледа проекција на филм во кино.