Coşkun Ergül
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
ТБММ – (АА) – Џошкун Ергул – Во рамките на истрагата во врска со обидот за пуч на Фето, Боздаг, Каја, Тамирџи и врвни бирократи беа разрешени од своите должности, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што ги доби новинарот на АА, започна истрага во врска со обидот за пуч на ФЕТО на 15 јули.
Во овој контекст, помошниците на генералниот секретар на ТБММ (Големото народно собрание на Турција) Боздаг, Каја, Тамирџи, беа разрешени од своите функции.
Преседателот за човечки ресурси Исмаил Каргулу беше назначен за помошник на генералниот секретар одговорен за административни, финансиски и технички услуги, претседателот за закони и одлуки Коркут Туркјајар, назначен за помошник на генералниот секретар одговорен за законодавниот мандат, а претседателот за прес и за односи со јавноста Ербај Куџет беше назначен за помошник на генералниот секретар одговорен за мандатот за ИТ-услуги.
Претседателот за правни услуги Јилдиз Безгинли, претседателот за истражувачки услуги Ахмет Јилдиз, помошниците на претседателот за буџет Ерџан Челикер и Ремзи Чифтепинар, помошникот на претседателот за услуги за поддршка, заедно со помошникот на претседателот за односи со јавноста Хамит Ешен, беа разрешени од своите работни функции.
Правниот советник Баки Атеш беше назначен за претседател на правни услуги, помошникот на претседателот за прес и радиодифузија и за односи со јавноста Муса Кескин беше назначен за потпретседател на одделението за записници.
Потпретседателот за човечки ресурси Сафије Дундар беше назначена за потпретседател за Развој на стратегија, а Екрем Балџи кој беше шеф во претседателството за човечки ресурси, сега во истата единица е назначен за потпретседател.