Satuk Buğra Kutlugün
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи денес објави порака по повод Светскиот ден на хуманоста, изразувајќи пофалби за работата и напорите на хуманитарните работници ширум светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„По повод Светскиот ден на хуманоста ја изразуваме нашата благодарност до хуманитарните работници, кои внимателно ги одржуваат напорите за пружање хуманитарна помош низ целиот свет под најнеповолни услови, и се сеќаваме со почит и благодарност до оние кои ги загубија своите животи во текот на овие напори“, се вели во соопштението.
Од министерството се истакнува дека и покрај напорите на меѓународната заедница, бројот на луѓето кои имаат потреба од хуманитарна помош се зголемува. Бројката изнесува околу 140 милиони и се зголемува секој изминат ден, нападите на хуманитарните работници не запираат а прекршувањето на хуманитарното право е распострането пошироко и продолжува да биде неказнето
„Постои итна потреба од исполнување на обврските на различни платформи, вклучувајќи го и Светскиот хуманитарен самит чиј домаќин е Турција, за подобрување на оваа сцена, која е некомпатибилна со модерниот свет, како и за зацврстување на напорите на хуманитарните работници на солиден глобален систем“ , се додава во соопштението.
Министерството повика на глобална солидарност и посветеност со цел обезбедување на иднина во која секој ќе може да живее во надеж и мир.
Според ОН, Светскиот хуманитарен ден се одржува секоја година на 19. август со цел да им се оддаде признание на хуманитарните работници кои ги ризикуваат своите животи во хуманитарната служба, и да се поттикне поддршката за луѓето погодени од кризи ширум светот.
И покрај фактот што Турција не е најбогатата земја на светот, таа има вложено милијарда долари во хуманитарни цели.