Duygu Yener
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турската владејачка Партија на правдата и развојот (AK Parti) остро ја осудува изјавата на поранешниот американски потпретседател и претседателски кандидат на претстојните избори во САД, Џо Бајден, кој рече дека ќе се залага за промена на власта во Турција и дека може да ја поддржи опозицијата во намерата на изборите во 2023 година да го собори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јавува Агенција Анадолија (AA).
Видеопораката од контроверзната изјава на Бајден за намерата со поддршка на опозицијата да ги менува политичките трендови и власта во Турција е снимена во декември, во текот на уредничкиот деск на „Њујорк Тајмс“, а нејзиното објавување предизвика критики и осуди од страна на властите и опозицијата.
„Бајден рече дека ќе го смени Ердоган, дека тоа нема да го направи со пуч, туку преку избори. Тоа го кажа бидејќи не можеше да каже дека тоа ќе биде пуч, едноставно ги замени местата на зборовите пуч и избори“, наведува во пораката портпаролот на АК Партијата, Омер Челик.
Челик исто така наведе дека Турција од 15 јули 2016 година знае како се одговара на обидите за пуч и дека верува во силата на волјата на народот и изборните резултати.
„Никој не може да се меша во изборните процеси. Нашата демократија е заслужена и за неа плативме цех. Имаме апсолутно ефикасни политички дезинфициенси против сите вируси на странски мешања“, порача Челик.