Mehmet Tosun
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека Турција е со Азербејџан во однос на нападите од Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин во објавата на неговиот профил на Твитер остро го осуди нападот на Ерменија врз Азербејџан.
Истакнувајќи дека Ерменија го прекршила примирјето напаѓајќи цивилни населби и дека тоа укажува дека е против мирот и стабилноста, Калин нагласи: „Меѓународната заедница мора веднаш да ја запре оваа опасна провокација. Турција е покрај Азербејџан во однос на овие напади. Им посакуваме милост од Бога на тие што ги загубија животите во овие напади. Азербејџан не е сам. Ја има целосната поддршка од Турција.“