İsmail Özdemir,Sefa Mutlu
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Првото слетување на новиот аеродром во Истанбул, еден од најголемите во светот, го изврши авионот "TC-ANK" во кој беше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот во кој се наоѓаше турскиот претседател, кој престојуваше во посета на Kahramanmaras и Газиантеп поради предизборните судири, во вечерните часови слета на новиот аеродром во Истанбул.
Авионот слета на пистата број еден, а турскиот претседател во прилика на слетување се наоѓаше во кабината на пилотот.
Ердоган на аеродромот го дочекаа министерот за транспорт и комуникации Ахмет Арслан, челниците на аеродромот, пилотите и другите вработени.
Во краткото обраќање Ердоган изјави дека е пресреќен поради изградбата, како тој рече, величенствениот аеродром.
„Им честитам на сите, од членовите на конзорциумот, архитекти до инжинери. Навистина имаме величенствен аеродром. Се е величенствено, од пистата, осветлувањето па до терминалот. Нека му биде од корист на нашиот народ, земјата и целтото човештво“, изјави Ердоган.
Веќе се завршени повеќе од 90 отсо од новиот аеродром кој ќе биде отворен на 29 октомври. Во првата етапа на аеродромот дневно ќе можат да се извршат 3.500 полетувања и слетувања.
Се очекува на изградбата на аеродромот да бидат ангажирани околу 225.000 работници.
Новиот аеродром во Истанбул, сигурно еден од најголемите во светот, ќе превезува 90 милиони патници годишно, додека до 2023 овој број ќе се зголеми на најмалку 150 милиони патници.
Турција претходно ја извести Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA) и Меѓународната организација на цивилното воздухопловство (ICAO) за отворањето на аеродромот на 29 октомври 2018 година на Денот на Република Турција.
Аердоромот го гради конзорциум од пет изведувачи: Лимак, Колин, Џенгиз, Мапа и Калјон. Називот на аеродромот сеуште не е одлучен.
Со вложувањето од 120 милиони евра новиот истанбулски аеродром ќе биде дом на најголемиот светски трговски комплекс без царина.
Продажниот комплекс со 53.000 квадратни метри се состои од продавници и луксузни брендови.