Ramazan Ercan
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) – Патот на надежта за мигрантите кои по илегален пат се обидуваа да стигнат до Европското тло е речиси прекинат по спроведувњето на Договорот за реадмисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците со кои располага дописникот на АА, бројот на имигранти кои поради граѓанската војна, економската и политичка неизвесност ги напуштаат своите земји со надеж за подобар живот, користејќи го патот на надежта за да стигнат во некоја од европските земји е значително намален.
Бројот на илегални преминувања по копнените и морски патишта е драстично намален, благодарение на спроведените активности од страна на екипите на Крајбрежната стража во Егејското и Средоземното Море, жандармеријата и полицијата, кои се резултат на постигнатиот договор меѓу ЕУ и Турција за заедничко дејствување и справување со илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе кој на 20-ти март стапи во сила како Договор за реадмисија.
- Запреа минувањата низ илегалните премини во месец мај -
Патот на надежта, кој многубројните имигранти пред склучувањето на Договорот за реадмисија го користеа преку Егејското Море, од грчките острови да прејдат на егејскиот брег, речиси и да не се користеше во месец мај.
Бројот на фатени илегални мигранти од страна на полицијата и жандармеријата во градовите во близина на грчките острови, како што се: Чанакале, Баликесир, Измир, Ајдин, Мугла, и Анталија, изнесуваше 100 лица.
Едрене и Киркларели, се градовите преку кои најголем број од мигрантите се обидуваа илегално да ги преминат границите кон Грција и Бугарија, по Договор за реадмисија.
Во Едрене беа фатени 900, а во Киркларели 500 мигранти.
Во текот на месец мај, под обвинение за криумчарење имигранти, беа притворени околу 30-тина осомничени лица, а 13-мина беа уапсени.
Бројот на фатените илегални имигранти во месец април, за разлика од претходниот месец, е намален за 82% и изнесува 2.500 бегалци.
Полициските и жандармериските екипи во периодот на првите четири месеци од годината, успеале да фатат 45.000 мигранти.