Vesna Besiç
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Анталија, познатата туристичка дестинација во Турција, по повод новогодишните празници е украсена со различни форми и бои, јавува Anadolu Agency (AA).
Во туристичките места Белек и Кунду, во Анталија, улиците и зградите се осветлени со украси во различни бои.

Анталија со години е еден од најпосетуваните турски градови. Тоа е местото каде што летува домашното население и туристи од сите делови на светот. За посета на овој познат туристички град има голем интерес за време на новогодишните празници.