İlkay Güder
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ТУНИС (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Нуредин Џаникли во врска со ракетниот систем S-400 кој Турција ќе го купи од Русија рече: „Два система, составени од 4 воени батерии. Сѐ е договорено”, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Џаникли, по заедничката прес-конференција на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со претседателот на Тунис Беџи Каид Есебси, на новинарите им одговараше на прашањата за веста во руските медиуми во врска со изјавата на претседателот на руската компанија за воена индустрија Ростех, Сергеј Чемезов, одговарајќи „Турција од Русија купи 4 воени батерии на ракетниот систем за одбрана S-400 за цена од 2,5 милијарди долари”.
Џаникли продолжи со зборовите: „Точно е. Станува збор за два система, составен од 4 воени батерии. Постигнат е договор”.
Турскиот министер за одбрана на новинарите им одговори: „Всушност протоколот околу потпишувањето беше во врска со кредит. Поточно 'Да се искористи кредит или сами да се финансираме'. На крајот постигнат е договор 'за еден дел да се користи кредит'. Инаку договорот е завршен”.