Hüseyin Gazi Kaykı
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Исмаил Кахраман ги прими денес во Анкара претседавачот и членот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот во зградата на турскиот Парламент беше затворена за јавноста. Човиќ и Изетбеговиќ денес ќе се сретнат и со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ и членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, допатуваа вчера во службена дводневна посета на Република Турција, а во Анкара ги прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.