Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Со истовремена акција на повеќе локации, фатени се 17 терористи на ДЕАШ, за кои е откриено дека подготвувале да изведат акција во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на Канцеларијата за борба против тероризмот во Анкара, како резултат на разузнавачки информации, започнаа операција за фаќање на припадници на терористичката организација ДЕАШ, за кои е откриено дека сакаат да изведат акција.
Во истовремена операција, приведени се 17 терористи на ДЕАШ.
Сите приведените лица се странски државјани, а кај нив е пронајден и голем број материјал во дигитална форма.
Се дознава дека осомничените се испратени во Дирекцијата за безбедност во Анкара за да им се земат изјави и дека операцијата продолжува.