Didar Yüsra Dilruba Öz
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
МАЛАТИЈА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција денес соопшти дека минатиот месец биле притворени 365 осомничени терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведувањата по кои беа задржани во притвор 131 осомничено лице, се случија во ноември, во 12 области во земјата, вклучувајќи ги Анкара и Истанбул, се вели во соопштението на министерството.
Турција претрпе голем број напади од страна на ДЕАШ, вклучувајќи го бомбардирањето на железничката станица во Анкара, во октомври минатата година, кога загинаа повеќе од 100 лица. Во август е започната операцијата „Штитот на Еуфрат“, со цел ослободување на сирискиот пограничен регион од ДЕАШ.