Tuba Şahin
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) денес соопшти дека приходот од туризмот во Турција, во период од јули до септември, достигнал 11,5 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Приходот на земјата во третиот квартал од 2018 година се зголеми за 1 отсто повеќе од истиот квартал минатата година, кога приходот изнесуваше 11,4 милијарди долари“, се вели од ТуркСтат.
Речиси 82 отсто од приходот (вклучувајќи ГСМ-роаминг и трошоци за поморски услуги) се добиени од странските посетители, додека 18,2 отсто се добиени од граѓаните што живеат во странство.
Во периодот од јули до септември оваа година, Турција ја посетија 18,8 милиони лица, со што се зголеми приходот за 12,7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Странските државјани сочинуваат 84,7 отсто, додека 15,3 отсто турските државјани што живеат во странство.
Просечната потрошувачка по глава на жител изнесуваше 612 долари во третиот квартал од 2018 година.
„Додека просечната потрошувачка на странските државјани во овој квартал беше 589 долари по глава на жител, просечната потрошувачка на турските државјани кои живеат во странство изнесуваше 724 долари по глава на жител“, се соопштува од ТуркСтат.