Ruslan Rehimov
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
БАКУ
Продолжува сеофатната заедничка воена вежба на воздушните о копнените сили на Турција и Азербејџан која се реализира во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека тенковите и оклопните возила кои се наоѓаат на терен во рамки на вежбата, спроведуваат различни мисии.
Се истканува дека во рамките на вежбата се исптуваат ефективноста и координацијата во спроведувањето на мисиите, ефективноста на персоналот, оружјето и воената опрема, како и осигурувањето на поддршка за време на борбените операции.
Во оваа вежба учествуваат воздушните и копнените сили на Турција и Азербејџан.
Вежбата на воздушните сили ќе продолжи до 10 август и ќе се реализира во Баку, Нахџиван, Генџе, Курдемир и Јевлах.
Меѓу другото, вежбата на копнените сили ќе продолжи до 5 август во Баку и Нахџиван.